Почитувани, Чест ни е да Ве поканиме на завршниот промотивен настан за проектот „Обединети младински работници“ кој ќе се одржи на 18-ти мај 2017 година во хотел „Елит Плаза“ во Скопје (ул. Костурски Херои бр. 38, веднаш зад Универзална сала), со почеток од 13 часот. На завршниот настан ќе бидат презентирани резултатите од проектот „Обединети младински работници“ со посебен осврт на значењето на иницијативата во напорите за подобрување на соработката помеѓу младинските граѓански организации и владините институции при креирањето на младинските политики и донесување одлуки во однос на младинската работа. Се очекува, во рамките на промовирањето на добри практики, со свои излагања да се претстават клучните институции/организации кои беа вклучени во проектните активности во насока на потенцирање на важноста од нивно заедничко делување за подобрување на статусот на младите во општеството. На овој настан, исто така, ќе биде промовирана публикацијата „Патеки во младинската работа“ како алатка која ќе послужи во застапувањето ...

volonterskiCentar

Волонтерски Центар

Како национален Волонтерски центар на Македонија (ВЦМ), МКЦ - Битола е основач и координатор на неформалната мрежа со 6 партнерски граѓански организации кои функционираат како волонтерски информативни точки (ВИТ) во Тетово, Кавадарци, Прилеп, Свети Николе, Скопје и Охрид. МКЦ – Битола ја координира размената на волонтери на локално, регионално и меѓународно ниво, едуцира волонтери, нуди консултативни услуги на други субјекти и соработува со други локални и меѓународни организации кои промовираат слични вредности.
повеќе

Тренинг сервис

Во рамките на МКЦ – Битола функционира тренинг сервис преку кој континуирано се релизираат голем број на локални, национални и меѓународни обуки за развој на вештини, знаења и компетенции кај младите луѓе (развивање на меки вештини и вештини за вработливост вработување, проектен и волонтерски менаџмент, младиски лидери, младински активизам, финансиска писменост и др.)
повеќе
treningServis
gragjanskoOpstestvo

Граѓанско Општество

Развој на граѓанското општество преку:
  • Мониторинг на избори,
  • Локални младински иницијативи,
  • Младински УНЕСКО клуб,
  • Претходна правна помош
повеќе

Културна агенда

Континуирани програмски активности за поддршка, развој и промоција на креативните потенцијали од сите свери на уметничкото изразување на младите луѓе. → Музичко студио - Континуирана поддршка на млади уметниции кои ја препознаваат музиката како форма на комуникација и изразување. Овој ресурс поддржува создавање и практикување на музиката како уметност на живеење.
повеќе
kulturnaAgenda
bog

Битола Отворен Град

Меѓународниот младински арт фестивал Битола отворен град континуирано се реализира од 2002 година во организација на МКЦ – Битола и претставува смел и стилизиран уметнички израз на голем број млади домашни и меѓународни уметници. Наменет е на сите оние кои имаат изострени вкусови и критериуми за уметнички израз и желба за перцепција и апсорпција на авангардна креација. Целта на фестивалот е да ги обедини младите уметници со од Европа и да обезбеди простор каде ќе разменат и промовираат свои искуства, ставови и вредности користејќи ја уметноста како алатка. Сам по себе ја промовира Битола како град со цврст културен идентитет, европски дух и простор за интеркултурен дијалог.
повеќе