Програми

volonterskiCentar

Волонтерски Центар

Како национален Волонтерски центар на Македонија (ВЦМ), МКЦ – Битола е основач и координатор на неформалната мрежа со 6 партнерски граѓански организации кои функционираат како волонтерски информативни точки (ВИТ) во Тетово, Кавадарци, Прилеп, Свети Николе, Скопје и Охрид. МКЦ – Битола ја координира размената на волонтери на локално, регионално и меѓународно ниво, едуцира волонтери, нуди консултативни услуги на други субјекти и соработува со други локални и меѓународни организации кои промовираат слични вредности.

повеќе

treningServis

Тренинг сервис

Во рамките на МКЦ – Битола функционира тренинг сервис преку кој континуирано се релизираат голем број на локални, национални и меѓународни обуки за развој на вештини, знаења и компетенции кај младите луѓе (развивање на меки вештини и вештини за вработливост вработување, проектен и волонтерски менаџмент, младиски лидери, младински активизам, финансиска писменост и др.)

повеќе

gragjanskoOpstestvo

Граѓанско Општество

Развој на граѓанското општество преку:

  • – Мониторинг на избори,
  • – Локални младински иницијативи,
  • – Младински УНЕСКО клуб,
  • – Претходна правна помош

повеќе

kulturnaAgenda

Културна агенда

Континуирани програмски активности за поддршка, развој и промоција на креативните потенцијали од сите свери на уметничкото изразување на младите луѓе.

→ Музичко студио – Континуирана поддршка на млади уметниции кои ја препознаваат музиката како форма на комуникација и изразување. Овој ресурс поддржува создавање и практикување на музиката како уметност на живеење.

повеќе

bog

Битола Отворен Град

Меѓународниот младински арт фестивал Битола отворен град континуирано се реализира од 2002 година во организација на МКЦ – Битола и претставува смел и стилизиран уметнички израз на голем број млади домашни и меѓународни уметници. Наменет е на сите оние кои имаат изострени вкусови и критериуми за уметнички израз и желба за перцепција и апсорпција на авангардна креација.

Целта на фестивалот е да ги обедини младите уметници со од Европа и да обезбеди простор каде ќе разменат и промовираат свои искуства, ставови и вредности користејќи ја уметноста како алатка. Сам по себе ја промовира Битола како град со цврст културен идентитет, европски дух и простор за интеркултурен дијалог.

2015