Секој 5-ти декември луѓето од цел свет без разлика на возраст раса и култура го слават волонтирањето, се потсетуваат на суштината на волонтерската работа и си оддаваат признанија.
Младински културен центар – Битола (Волонтерски центар на Македонија) по повод 5-ти декември Меѓународниот ден на волонтерите, од 2006 година востанови Национални волонтерски награди во Република Македонија.
Добитници на наградите за 2014 година се: Златен волонтерски сертификат за 2014 година – жителите на с. Калишта за реновирање на основното училиште „Браќа Миладиновци“, Автономен културно-социјален центар Скопје и волонтерите од Зоолошката градина во Битола.