• За МКЦ Битола
    • Мисија и Визија
    • Тимот на МКЦ
    • Партнери
    • Извештаи и документи
  • Новости
  • Програми
    • Волонтерски центар
    • Тренинг Сервис
    • Граѓанско Општество
    • Културна Агенда
    • Битола Отворен Град
  • Публикации
  • Контакт

Повик за учество на настани за вмрежување помеѓу граѓански организации и креаторите на политики поврзани со младите

октомври 15, 2018 by Maja Angelovska in Новости, Тренинг Сервис

Младинскиот културен центар – Битола во соработка со Фондација за Претприемачки сервис за млади објавува:

Повик за учество на настани за вмрежување помеѓу граѓански организации и креаторите на политики поврзани со младите во рамките на проектот „Јакнење на капацитетите на граѓанските организации со цел унапредување на креирањето на младински политики“, програма IPA TAIB 2013 „Зајакната вклученост на граѓанското општество во реформите за интеграција во Европската унија“.

Целта на настаните за вмрежување е да се зајакнат меѓусебните односи, соработката и трансферот на знаење помеѓу граѓанските организации и другите државни и недржавни чинители релевантни во креирањето на младинските политики. Ова пак, ќе придонесе да се зајакне улогата и капацитетот на граѓанските организации за вијание врз младинските политики и стратешките развојни планови и мерки на локално и национално ниво.

Повикот се однесува за три дводневни настани за вмрежување за вкупно 60 учесници (20 учесници по настан) во текот на октомври, ноември и декември 2018 година. Настаните за вмрежување ќе се одржуваат во Битола и ќе бидат организирани како целодневни настани при што учесниците ќе можат да го поминуваат времето заедно формално и неформално со цел истовремено овозможување на повеќе придобивки: платформа за размена на информации, ставови и добри практики, вмрежување и отворање можности за соработка.

Концептот на настаните вклучува два дела: конференциски дел и дел со Б2Б средби за вмрежување што ќе им овозможи на учесниците (граѓански организации, државни и јавни институции, локлна самоуправа) да се запознаат и потенцијално да остварат соработка. Секој настан за вмрежување ќе се осврне на една носечка тема по која учесниците ќе имаат можност да се информираат, дискутираат и воспостават нови врски за соработка. Темите и термините за секој настан за вмрежување се следните:

1. Младите и образовните политики (25 – 26 октомври 2018)

2. Младинска невработеност (22 – 23 ноември 2018)

3. Младинска мобилност (20 – 21 декември 2018).

Зошто да учествувате?

– Ќе имате можност да добиете директни информации за моменталната состојба како и за плановите, проектите и иновациите поврзани со младите од креаторите на младинските политики во областа на образованието, невработеноста и мобилноста;

– Ќе имате можност да учествувате на структурирана дискусија и да поставите прашања поврзани со темите;

– Ќе имате можност да проследите презентации за најдобри практики и успешни приказни на влијание врз младинските политики и соработка меѓу младинските организации и креаторите на младинскте политики;

– Ќе имате можност да се поврзете со конкретни организации или институции, да размените информации поврзани со вашата работа и да воспоставите основи за соработка во иднина.

Профил на учесници:

· Претставници на граѓански организации кои работат на младинските програми во организациите и имаат силна мотивација за вклучување во процесите на креирање и застапување за младинските политики

· Активни членови и волонтери во граѓански организации, со фокус на младински организации;

· Претставници на платформи и мрежи на млади во земјата

· Претставници на студентски и средношколски сојузи

· Креатори и спроведувачи на младински политики на национално и локално ниво

· Претставници на образовни институции и провајдери на неформално образование

· Претприемачи корисници на мерките за вработување на млади и сл.

За да се пријавите, Ве молиме пополнете ја пријавата преку следниот линк. Краен рок за пријавување четврток, 18-ти октомври 2018 до 16:00 часот. Контакт лице: Мери Нашоку meri@mkcbt.org.mk.

Организаторот го задржува правото да прифати само еден од пријавените учесници од иста организација/институција, во случај на повеќе пријавени претставници од иста организација/институција.
Само селектираните учесници ќе бидат контактирани со понатамошни инструкции и информации околу нивното учество на настанот за кој се пријавиле. На учесниците ќе им бидат покриени трошоци за сместување, храна, материјали и пат.

Tweet
Share
Pin it
Previous StoryАлатка за младинско учество и застапување за младински политики Next StorySmart Cul Tour

Instagram

Програми

  • Битола Отворен Град
  • Новости
  • Публикации
  • Uncategorized
  • Волонтерски центар
  • Граѓанско Општество
  • Културна Агенда
  • Тренинг Сервис

Новости

  • Smart Cul Tour
  • Повик за учество на настани за вмрежување помеѓу граѓански организации и креаторите на политики поврзани со младите
  • Алатка за младинско учество и застапување за младински политики
  • Меѓународен младински уметнички фестивал Битола отворен град 2018
  • Popular
  • Latest
  • Comments
  • 13th март 2004

     2004 Битола отворен град

  • 12th март 2014

     Концерт на Fighting Windmills

  • 12th јануари 2014

     Концерт на TV Rage & Kiosk

  • 13th јули 2014

     Јавен повик за учесници на обуките за Подготовка за вработување и работа

  • 26th април 2016

     МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ЏЕЗОТ

  • Smart Cul Tour 3rd август 2021

     Smart Cul Tour

  • 15th октомври 2018

     Повик за учество на настани за вмрежување помеѓу граѓански организации и креаторите на политики поврзани со младите

  • 15th август 2018

     Алатка за младинско учество и застапување за младински политики

  • 15th август 2018

     Меѓународен младински уметнички фестивал Битола отворен град 2018

  • 16th април 2018

     OPEN CALL! BITOLA OPEN CITY FESTIVAL 2018

  • 133108 март 2002

     Битола отворен град започна! 2002

  • 133108 март 2003

     Битола отворен град 2003 – интернационален младински арт фестивал

  • 133108 март 2004

     2004 Битола отворен град

  • 133108 март 2005

     2005 Битола отворен град

  • 123108 март 2006

     2006 Битола отворен град

Тагови

#bitolaopencity2018 #bitolaopencityfestival #YCCBitola #MKCBitola #opencall #artist #festival #collaboration #opportunity Bitola open city Битола отворен град фестивал

МКЦ Битола

  • За МКЦ Битола
  • Мисија и Визија
  • Тимот на МКЦ
  • Партнери
  • Извештаи и документи

ПРОГРАМИ

  • Волонтерски центар
  • Тренинг Сервис
  • Културна Агенда
  • Граѓанско Општество
  • Битола Отворен Град

YCC Bitola. All Rights Reserved