• За МКЦ Битола
    • Мисија и Визија
    • Тимот на МКЦ
    • Партнери
    • Извештаи и документи
  • Новости
  • Програми
    • Волонтерски центар
    • Тренинг Сервис
    • Граѓанско Општество
    • Културна Агенда
    • Битола Отворен Град
  • Публикации
  • Контакт

ПРОЕКТ “ПРИСТАП ДО ПРАВДА ВО МАКЕДОНИЈА”

април 2, 2018 by Maja Angelovska in Новости, Граѓанско Општество

Младински културен центар – Битола (МКЦ – Битола) е овластено здружение за давање на претходна правна помош од 2011 година и во континуитет до денес обезбедува правна помош за граѓаните, а особено за сиромашните и други ранливи категории на граѓани.

Редовното функционирање на канцеларијата при МКЦ – Битола и во 2018 г. ќе овозможи граѓаните од Битола и поблиските рурални средини да се обраќаат за правна помош за добивање на неопходни информации и советодавни услуги поврзани со бесплатната правна помош и механизмите за олеснување на пристапот до правда.

Главната цел на проектот е да се придонесе за подобрување и надградување на системот за заштита на човековите права и олесни пристапот до правда за сиромашните граѓани и останатите ранливи категории на граѓани. Покрај основната активност за обезбедување на правна помош, предвидени се и активности за зајакнување на јавната свест на граѓаните со запознавање на нивните права и поттикнување на иницијативи за помасовно користење на алатката на бесплатна правна помош. За таа цел предвидени се четири едукативни сесии за правна едукација на граѓани.

Во текот на спроведувањето на проектот предвидена е правна помош во случај на одбиени барања за бесплатна правна помош а за одобрените барања за бесплатна правна помош предвидено е набљудување на судски случаи во кои се ангажирани адвокати. Преку непосредна комуникација со граѓаните кои се обраќаат за правна помош, теренските активности и телефонски контакти се спроведува Истражување за правните прашања и проблеми со кои најчесто се соочуваат граѓаните, можноста за ангажирање на стручно лице – адвокат и нивната доверба, став оцена кон правосудниот систем и управни органи.

Воспоставените контакти и соработката со други граѓански организации во оваа област и институции продолжува и оваа година со напори за нивно надоградување. За таа цел во февруари 2018 г. склучен е Меморандум за соработка помеѓу МКЦ –Битола и Меѓуопштински центар за социјална работа – Битола во делот на семејното насилство. Меморандумот опфаќа упатување на жртвите на семејно насилство за користење на претходната правна помош и правото на бесплатна правна помош.

Сознанието за своите права загарантирани со меѓународни и национални прописи треба да поттикне чувство на ОБВРСКА и ОДГОВОРНОСТ кај граѓаните на патот за остварување и заштита на правата. Проектот Пристап до правда во Македонија е финансиски поддржан од Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) за временскиот период од 01.01.2018 до 31.12.2018 година.

Граѓаните можат да се обраќаат секој работен ден од 09.00 до 16.00 часот во канцелариите на МКЦ – Битола или на email: mkcbt@t.mk
или на телефон 047 233 020.
Лице за контакт: Вера Гогу
Младински културен центар – Битола

Tweet
Share
Pin it
Previous StoryОдржан првиот партнерски состанок во рамки на проектот „Јакнење на капацитетите на граѓанските организации со цел унапредување на креирањето на младински политики“ Next StoryПовик за учество на обуки за јакнење на капацитетите на граѓанските организации за влијание врз младинските политики

Instagram

Програми

  • Битола Отворен Град
  • Новости
  • Публикации
  • Uncategorized
  • Волонтерски центар
  • Граѓанско Општество
  • Културна Агенда
  • Тренинг Сервис

Новости

  • Smart Cul Tour
  • Повик за учество на настани за вмрежување помеѓу граѓански организации и креаторите на политики поврзани со младите
  • Алатка за младинско учество и застапување за младински политики
  • Меѓународен младински уметнички фестивал Битола отворен град 2018
  • Popular
  • Latest
  • Comments
  • 13th март 2004

     2004 Битола отворен град

  • 12th март 2014

     Концерт на Fighting Windmills

  • 12th јануари 2014

     Концерт на TV Rage & Kiosk

  • 13th јули 2014

     Јавен повик за учесници на обуките за Подготовка за вработување и работа

  • 26th април 2016

     МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ЏЕЗОТ

  • Smart Cul Tour 3rd август 2021

     Smart Cul Tour

  • 15th октомври 2018

     Повик за учество на настани за вмрежување помеѓу граѓански организации и креаторите на политики поврзани со младите

  • 15th август 2018

     Алатка за младинско учество и застапување за младински политики

  • 15th август 2018

     Меѓународен младински уметнички фестивал Битола отворен град 2018

  • 16th април 2018

     OPEN CALL! BITOLA OPEN CITY FESTIVAL 2018

  • 133012 март 2002

     Битола отворен град започна! 2002

  • 133012 март 2003

     Битола отворен град 2003 – интернационален младински арт фестивал

  • 133012 март 2004

     2004 Битола отворен град

  • 133012 март 2005

     2005 Битола отворен град

  • 123012 март 2006

     2006 Битола отворен град

Тагови

#bitolaopencity2018 #bitolaopencityfestival #YCCBitola #MKCBitola #opencall #artist #festival #collaboration #opportunity Bitola open city Битола отворен град фестивал

МКЦ Битола

  • За МКЦ Битола
  • Мисија и Визија
  • Тимот на МКЦ
  • Партнери
  • Извештаи и документи

ПРОГРАМИ

  • Волонтерски центар
  • Тренинг Сервис
  • Културна Агенда
  • Граѓанско Општество
  • Битола Отворен Град

YCC Bitola. All Rights Reserved