Младински културен центар – Битола објавува конкурс за учесници на циклусот на обуки во рамките на проектот Младинска мрежа за стекнување вештини за вработување – ЈЕС Мрежа, финансиран од УСАИД, имплементиран од Центар за развој на образование (ЕДЦ) глобална непрофитна организација која работи на дизајнирање и спроведување на програми во областа на образованието, здравството и економските можност.
Овој проект ја спроведува Програмата за Подготовка за вработување и работа која е дизајнирана за да им ги обезбеди на младите потребните основни вештини и знаење за да станат здрави, продуктивни работници и учесници во граѓанското живеење и живеењето во заедницата. Обуките ќе се реализираат во периодот од 23 до 27 јануари 2012 година и ќе бидат на македонски јазик. Сите учесници кои ќе ги посетат обуките ќе добијат сертификат за учество.
Листа на обуки во циклусот Обуки за Подготвеност за работа
– Личен развој
– Соодветно однесување на работно место
– Комуникациски вештини
– Тимска работа и лидерство
– Вештини за барање на работа
– Безбедност, права и обврски на работа
– Вештини за раководење со финансии
За учество апликантите треба да ги исполнат следните услови:
– Да се млади невработени луѓе на возраст од 16 до 27 години.
– Да НЕ се пријавени како невработени во Агенцијата за Вработување на РМ
Сите заинтересирани да се пријават најдоцна до 20ти јануари 2012 година на
mkcbt@t-home.mk
или
во просториите на Младински културен центар – Битола, ул. Цар Самуил бр. 29, 7000 Битола
Апликацијата за учество може да се превземе од
www.mkcbt.org.mk, програма НФО.
Бројот на учесници е ограничен. Обуките се бесплатни.
Повеќе информации во:
Mладински културен центар – Битола
Тел.: 047/ 233 020; 047/203 925
Контакт лице: Александар Тодоровски