Младински културен центар- Битола објавува конкурс за учесници на циклусот на обуки во рамките на проектот Младинска мрежа за стекнување вештини за вработување – ЈЕС Мрежа, финансиран од УСАИД, имплементиран од Центар за развој на образование (ЕДЦ) глобална непрофитна организација која работи на дизајнирање и спроведување на програми во областа на образованието, здраството и економските можности.
Овој проект ја спроведува Програмата за Подготовка за вработување и работа која е дизајнирана за да им ги обезбеди на младите потребните основни вештини и знаење за да станат здрави, продуктивни работници и учесници во граѓанскиот живеење и живеењето во заедницата. Обуките ќе се реализираат во периодот 13 – 21 декември 2012 година и ќе бидат на македонски јазик. Сите учесници кои ќе ги посетат обуките ќе добијат сертификат за учество.
Листа на обуки во циклусот Обуки за подготвеност за работа
– Личен развој
– Соодветно однесување на работно место
– Комуникациски вештини
– Тимска работа и лидерство
– Вештини за барање на работа
– Безбедност, права и обврски на работа
– Вештини за раководење со финансии
За учество апликантите треба да ги исполнатследните услови:
– Да се млади невработени луѓе на возраст од 16 до 27.
– Да Не се пријавени како невработени во Агенцијата за Вработување на РМ
– Да имаат завршено со образовниот процес (исклучок се студентите на постдипломски студии)
Сите заинтересирани да се пријават до 6-ти декември 2012 година на mkcbt@t-home.mk или во просториите на Младински културен центар- Битола, ул. Цар Самоил бр.29, 7000 Битола
Документ:Aplikacijazaucestvonaobukizapodgotvenostzarabota.doc