Број на проектот: IPA/2019/161486/5
Проектот SMART-CUL-TOUR е кофинансиран од страна на Европската Унија, а во рамките на Вториот повик на ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија, 2014-2020.
Главна цел на проектот е да го поттикне туризмот, промовира и заштити културното и природното наследство, и да обезбеди балансиран, и одржлив социо-економски развој на прекуграничниот регион, вклучувајќи ги регионите на Битола и Корча.
Проектот SMART-CUL-TOUR воедно има за цел да влијае врз заштитата и промоцијата на културното наследство, во општините Битола и Пустец, како и во поширокиот прекуграничен регион и да иницира соработка помеѓу различни чинители, особено од сферата на туризмот.
Преку предвидените активности ќе се подигне јавната свест за вредностите на културното и природното наследство, ќе се подобри и зголеми нивниот капацитет, ќе се зголеми нивната пристапност за различни целни групи, а особено за лицата со попречености.
Искористувањето на обновливи извори на енергија, во контекст на зачувувањето на културното наследство, придонесуваат и кон заштита на животната средина, а воедно и кон зголемена одржливост на целните локации.
Соработката помеѓу стручните лица, особено од доменот на заштита на културното наследство и музејската дејност, во голема мера влијаат позитивно врз долгорочната соработка на партнерите, и по завршувањето на наведениот проект.
Подобреното искуство на посетителите, и нивните позитивни критики ќе овозможат зголемен прилив на туристи во двата целни региони. Дополнителните содржини кои ќе ги понудат локалните чинители од туристичкиот сектор, ќе овозможат подолго задржување на туристите во прекуграничниот регион, а со тоа и ќе допринесат и кон зголемена економска корист.
Бројните активности кои ќе се однесуваат на зголемената видливост на проектните активности, а воедно и на прекуграничниот регион во целост, ќе ги направат целните региони, попристапни и отворени за посетители.

- Вкупен буџет на проектот: 704,590 Евра
- Времетраење на проектот: 24 месеци
Партнери во проектот:
- Општина Битола – Водечки партнер, РС. Македонија
- Општина Пустец – Партнер, Р. Албанија
- НУ „Завод и музеј“ – Битола, – Партнер, РС. Македонија
- Директоратот за заштита на културно наследство – Корча, – Партнер, Р. Албанија
- Младински културен центар – Партнер, РС. Македонија
Активностите во проектот SMART-CUL-TOUR, се поделени во следните работни пакети:
РП 1: Управување и координација
- Проектно управување
- Проектни состаноци
- Ревизија
РП 2: Информации и промоција
- Визуелен идентитет на проектот
- Финална брошура (тројазична)
- Проектни настани (почетен и завршен настан)
РП 3: Туристичка инфраструктура
- Реконструкција на постоечката стара училишна зграда и основање на музеј во с. Глобочани, Општина Пустец
- Реконструкција / подобрување, на инфраструктурата во археолошкиот локалитет Хераклеа Линкестис, во Битола
- Реконструкција на пристапната улица т.н. „Римски пат“, вклучително и пешачка патека, до археолошкиот локалитет Хераклеа Линкестис, во Битола.
ПР 4: Туристичка промоција
- Постојана поставка во музејот „Стерјо Спасе“ во с. Глобочани, Општина Пустец
- Развој на повеќејазичен аудио водич за археолошкиот локалитет Хераклеа Линкестис
- Рзвој и ставање во функција со соодветна опрема на Виртуелна реалност и Аугментативна реалност за за археолошкиот локалитет Хераклеа Линкестис и музејот во Глобочани.
- Развој, промоција и продажба на интегрирани туристички пакети со прекуграничен карактер