Младински културен центар – Битола, по четиринаесетти пат оваа година, го организира Меѓународниот младински арт фестивал “Битола отворен град 2015“.
Фестивалот е отворен за сите алтернативни уметности во изведба на млади луѓе. Во досегашните фестивалски изданија имавме уметници од САД, Франција, Германија, Словенија, Шведска, Данска, Финска, Шпанија, Јапонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, и многу македонски значајни алтернативни уметници од рангот на Тони Китановски, како и музичките групи Мизар, Архангел, Mooger Foger, Суперхикс, Фолтин, Сет, Паркети, Д.Н.О., Дина, Three minutes on the rain, Bei the fish, итн. Повеќе од 700 уметници од цел свет се имаат претставено пред фестивалската публика со свои дела.
Изминатите години наши гости беа легендарните рок изведувачи Рамбо Амадеус, Ван Гог, Кирил Џајковски со Серџук Оркестра, Дубиоза Колектив, С.А.Р.С, Хладно пиво, Мајкл Греј и Џане Надинe, ЗАА, Земја Грува итн., имиња кои привлекоа огромно внимание кај домашната и странската публика и кај медиумите.
- Сабота, на 27ми јуни 2015 на Широк Сокак ќе настапат:
- – Партибрејкерс – легендарниот бенд од Србија, за прв пат во Битола;
- – The Government – домаќини на оваа вечер
- – и други…
Целта на фестивалот е да придонесе во афирмацијата на Битола како град со позитивни вредности и креативна енергија и нејзина промоција како центар на прогресивната младина на Балканот. Фестивалот трае четири дена и оваа година терминот за одржување на фестивалот е 25-27 јуни 2015 година.