24 години културен континуитет
Некои фестивали траат еден викенд.
Овој – веќе четврт век.
Битола Отворен Град не е тренд. Не е ни селфи-пункт. Не е “event”.
Тоа е културна континуираност што се држи за живиот збор, улицата, звукот на младите – и сите оние што некогаш се чувствувале како „друга сцена“.
Битола Отворен Град е крик на урбаната култура
Од винил до визуелна поезија.
Од улична дебата до отворен микрофон.
Од скејт-парк до демо снимка.
Од првиот DJ сет – до следната генерација што го пушта звукот.
Ова не е само програма.
Ова е град што одбрал да биде Отворен Град.
И ако нешто научивме по 24 изданија, тоа е дека културата не се мери по број на гледачи – туку по број на оние што се разбудиле од неа
Фестивалот ви стои отворен.
Како град.
Како врата.
Како глас.
Изложба на плакати на визуелниот уметни Харис Муриќ
Вечер со пријателите на Битола Отворен Град
DJ РАБОТИЛНИЦА со HERZEL
Концерт - Gnezdo FM JAM ORCHESTRA
РАБОТИЛНИЦА ЗА ПОЕЗИЈА со МАРИЈА БОШКОВСКА
Live DJ Sets
Традиционална БЕРЗА НА ВИНИЛИ