Кои сме ние
Младински културен центар – Битола (МКЦ-Битола) е непрофитна, граѓанска организација за млади основана во 1999 година.
МКЦ – Битола води и координира проекти и програми поврзувајќи ги младите преку
вклучување во настани кои ги истакнуваат нивните потенцијали во областа на волонтерството, неформалното образование, урбаната култура и граѓанските иницијативи.
За повеќе од 24 години постоење, МКЦ – Битола се разви во одржлива организација
со значајни капацитети за организирање на различни проекти и програми во Македонија, регионот на југоисточна Европа и пошироко.
МКЦ Битола
кои
Младински Културен Центар – Битола
МКЦ – Битола активно работи на промоција на волонтерството во Република Македонија, вклучувајќи во своите активности различни волонтерски програми наменети за младите луѓе. Од 2003 година континуирано, преку најразлични активности, го одбележува 5-ти декември – Меѓународниот ден на волонтерите, а од 2008 година организира доделување на национални волонтерски награди – златен сертификат за волонтерски ангажман.
МКЦ – Битола од 2006 година години работи
како национална канцеларија на Волонтерски центар на Македонија (ВЦМ) координирајќи ја размената на волонтери на локално, регионално и меѓународно ниво, едуцира волонтери, нуди консултативни услуги на други субјекти за волонтерски менаџмент и соработува со други локални и меѓународни организации кои промовираат слични вредности.
како
Процес и Функционалност
Во рамките на МКЦ – Битола функционира тренинг сервис преку кој континуирано се
реализираат голем број на локални, национални и меѓународни обуки за развој на
вештини, знаења и компетенции кај младите луѓе.
Од 2011 година, МКЦ – Битола е овластено здружение за давање претходна правна
помош и е запишано во регистарот на здруженијата за претходна правна помош што
го води Министерството за правда на Република Македонија.
како
Годишен Програм
МКЦ – Битола активно се вклучува во процесите на креирање на јавните политики на локално и на национално ниво, како и во мониторинг на трошењето на јавните пари на локалните власти, мониторинг на децентрализацијата и креирање и анализа на ефективни документи за јавни политики. МКЦ – Битола учествува во национални проекти како локален или регионален партнер при изработката на мониторинг извештаи (транспарентност и комуникации со јавност на општините, јавни набавки, децентрализација) кои се однесуваа на општи ните од Пелагонискиот регион. Дополнително, МКЦ-Битола води и активно се вклучува и во работни групи за креирање на национални и локални стратегии (Стратегија за унапредување и развој на волонтерството 2010-2015, Стратегија на општина Битола за соработка со граѓанските организации 2019-2022, Стратегија за волонтерство на општина Битола 2015 – 2018, иницијатива за формирање на локален младински совет на општина Битола.
каде
Facility & Location
Иницијатива за формирање на Национален младински совет, Локална стратегија за намалување на младинската невработеност на Ромите во општина Битола 2018-2020, воспоставување на Локален совет за волонтирање во општина Битола, подготовка на Акциски план на ЛЕСС Битола 2019 – 2022, Национална стратегија за промоција и развој на волонтерството 2021-2025, Стратегија за промоција и развој на волонтерството во општина Битола 2023 – 2026).
МКЦ – Битола е развиена како силна граѓанска организација за млади, овозможувајќи им на таков начин активно учество на младите од Битола во подобрувањето на квалитетот на живот во локалната заедница.
МКЦ – Битола води и координира проекти и програми што ги поврзуваат младите луѓе преку вклучување во настани што го истакнуваат нивниот потенцијал во областите на волонтирање, неформално образование, култура, уметност и граѓански иницијативи.
Мисија
МИСИЈАТА на МКЦ-Битола е обединување и развој на креативните потенцијали
на младите луѓе и поттикнување на граѓанскиот
активизам и волонтерството.


Визија
ВИЗИЈАТА на МКЦ-Битола е развиено демоктратско општество во кое младите се лидери на прогресот.
Вмрежувања
вмрежувања
Мрежа
МКЦ – Битола беше член на Младинската мрежа на југоисточна Европа (South East European Youth Network SEEYN) од 2002 година до 2023 година. Од 2015 година сме национален координатор на активностите на Регионалната платформа за социјални иновации во младинското вработување во југоисточна Европа – YOUSEE. Како национален Волонтерски центар на Македонија (ВЦМ), МКЦ – Битола е неформално вмрежена со 6 партнерски граѓански организации кои функционираат како Волонтерски Информативни Точки (ВИТ) во Тетово, Кавадарци, Прилеп, Свети Николе, Скопје и Струмица.
лидерство
Координатор
Од 2019 до 2022 година МКЦ-Битола беше национален координатор на проектот ROUTE WB6 под лидерство на РИКО (RYCO) за воспоставување на регионална програма за размена на волонтери на Западен Балкан.
Од 2024 година МКЦ-Битола е национална лидерска организација за Северна Македонија на глобалната волонтерска и хуманитарна акција Ден на добри дела (Good Deeds Day).
Партнерства
локација
Канцеларија
МКЦ – Битола беше регионална канцеларија на ГА МОСТ од 2002 до 2019 година, член на младинските платформи Национален младински совет на Македонија (НМСМ) и Сојуз за младинска работа (СМР), член на Платформата за борба против сиромаштија, Коалицијата Сите за правично судење, локалната Коалиција за борба против трговија со луѓе.
what
Платформи
Исто така, Сојузот за развој на образованието за возрасни, Мрежата на овластени здруженија за бесплатна правна помош, Мрежа за поддршка на млади претприемачи, Платформата за медиумска писменост, Мрежата за финансиска одржливост на ГО, Мрежата на граѓански организации за реформа и развој на локалната и месната самоуправа „Заедница“, Јадро – Асоцијација на независната културна сцена, КООПЕРАТИВА – Регионална платформа за културна соработка и Европската мрежа на дебатни центри “Time to talk”.
Донатори
вмрежување и партнерства
Донатори и Партнери
Програмските активности на МКЦ-Битола се реализирани со поддршка на: Меѓународниот центар Олоф Палме, ЕУ ИПА Програмите за прекугранична соработка на Европската Комисија со Република Албанија и Република Грција, Програмата Еразмус+, УНДП, УСАИД, Швајцарската агенција за развој и соработка, Програмата Цивика Мобилитас, РИКО, Американска амбасада, НЕД, ЕУ ИПА фондови од Делегација на ЕУ, субгрантови од ЕУ ИПА национални фондови преку Националниот младински совет на Македонија,и Коалиција СЕГА, ИФЕС, општина Битола, Министерство за култура, МОФ, Центарот за граѓански комуникации и други спонзори и поддржувачи од бизнис секторот.