Младински културен центар-Битола, на 15 октомври 2025 година во Демир Хисар, организираше јавна трибина со кандидатите за градоначалници и граѓаните на општина Демир Хисар.

На јавната трибина како панелисти учествуваа кандидатите за градоначалници: Оливер Ивановски (Независен кандидат), Марјанче Стојановски (Независен кандидат) и Златко Кузмановски (СДСМ), кои ги презентираа своите планови и ветувања за развој на Демир Хисар.

Темите ги опфатија најважните локални граѓански приоритети:

  • Инфраструктура и сообраќај
  • Урбанизам и просторно планирање
  • Локален економски развој
  • Млади и младински политики
  • Спорт и рекреација

Целта на овие активности е да се создаде Форум за граѓански дијалог, кој по изборот на градоначалници и советници ќе продолжи активно да ја следи работата на локалната самоуправа и реализацијата на граѓанските приоритети.

Настанот е дел од проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, спроведуван од НВО Инфоцентар, во партнерство со Младински културен центар – Битола, со поддршка од Меѓународниот центар „Олоф Палме“ и Владата на Шведска.