Младински културен центар-Битола, на 15 октомври 2025 година во Крушево, организираше јавна трибина со кандидатите за градоначалници и граѓаните на општина Крушево.
На јавната трибина како панелисти учествуваа кандидатите за градоначалници: Зоран Јанески (Левица), Нико Чонески (ВМРО-ДПМНЕ) и Томе Христоски (СДСМ), кои ги презентираа своите планови и ветувања за развој на Крушево.
Темите ги опфатија најважните локални прашања:
- Инфраструктура и сообраќај
- Водоснабдување и управување со водата
- Локален економски развој
- Млади и младински политики
- Подобрување на условите во училиштата
Целта на овие активности е да се создаде Форум за граѓански дијалог, кој по изборот на градоначалници и советници ќе продолжи активно да ја следи работата на локалната самоуправа и реализацијата на граѓанските приоритети.
Настанот е дел од проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, спроведуван од НВО Инфоцентар, во партнерство со Младински културен центар – Битола, со поддршка од Меѓународниот центар „Олоф Палме“ и Владата на Шведска.