Од финансиска поддршка до лична трансформација!

Секоја личност има потенцијал. Понекогаш, сè што е потребно е некој да го препознае и да помогне да излезе на површина – вели социјалната менторка од „МКЦ Битола“, Ирена Туфекчиева.

Кај корисниците на гарантирана минимална помош, социјалното менторство оди многу подалеку од финансиската поддршка.

Тоа е процес кој им помага на луѓето да ја вратат самодовербата, да ги препознаат сопствените способности и да поверуваат дека можат да направат промена за себе и своето семејство.

Со помош на социјалните ментори, многумина го наоѓаат патот од социјална помош кон активност, од несигурност кон достоинствен живот.