На панелот учествуваа Јешим Сефуловска од Центарот за вработување Битола, проф. д-р Миле Спировски од Техничкиот факултет – Битола, Никола Димковски од Регионалната стопанска комора и Жарко Краус од Конфедерацијата на слободни синдикати. Тие споделија свои согледувања за предизвиците и можностите што ги носи енергетската транзиција, со акцент на влијанието на процесот врз РЕК Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Во дискусијата беше нагласено дека транзицијата не влијае само на енергетскиот сектор, туку и на локалната економија, пазарот на труд и образованието, па затоа е неопходна континуирана соработка меѓу академијата, средните стручни училишта, Агенцијата за вработување и бизнис заедницата.

Особено позитивно беше истакнато прераснувањето на Техничкото училиште во Битола во Регионален центар за стручно образование, како важен чекор во насока на поддршка на преквалификација и развој на нови зелени занимања.

ЛЕСС Битола беше истакнат како клучна платформа за социјален дијалог и партнерство меѓу локалната самоуправа, стопанството, синдикатите и граѓаните, со цел да се овозможи праведна, одржлива и социјално одговорна транзиција.