Локација: СОУ “Таки Даскало“ – Битола
Датум: 22.5.2025
Со срце полно благодарност и природа побогата за нови зимзелени дрвца, со гордост објавуваме дека нашата еко акција за садење и поставување на систем „капка по капка“ е успешно реализирана!
Благодарение на неуморната работа и ентузијазмот на волонтерите од СОУ „Таки Даскало“ ‒ Битола, засадивме зимзелени дрвца и го проширивме системот за наводнување кој ќе обезбеди одржлив раст и нега за овие зелени бели дробови на природата. ![]()
Голема благодарност до сите што учествуваа, помогнаа и ја споделија позитивната енергија!
Волонтерската акција е реализирана со поддршка на Локален Совет за Волонтерство на Општина Битола – ЛСВ